На социјалните мрежи се појави видео што предизвика големо воодушевување – Новак Ѓоковиќ игра сиртаки со грчката музичка ѕвезда Константинос Аргирос во еден клуб во Атина.
Снимката ја објави Instagram профилот Nikana.gr, каде беше наведено дека „на едно место се две омилени личности во Србија и Грција – Ѓоковиќ и Аргирос“.
Во вториот дел од видеото се гледа дека за време на веселбата била пуштена и песна од Синан Сакиќ, по што Ѓоковиќ повторно се качил на подиумот и се веселел со грчкиот пејач.
Аргирос важи за најпопуларен пејач меѓу младата генерација во Грција. Во октомври имаше голем концерт во Белград, а настапувал и во легендарниот Royal Albert Hall во Лондон.

