Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од српскиот пазар се повлекува детскиот тротинет „Пепко“

-Компанијата „Пепко“ го повлекува од пазарот детскиот светлечки тротинет со три тркала, објавено е на веб-страницата на компанијата, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува на веб-страницата на Пепко, како резултат на извршените тестови, откриено е дека тротинетот PLU 349550 не го исполнува стандардот EN 71-1 за механички и физички својства.

-Ве молиме вратете го купениот производ во најблиската продавница на Пепко. Трошоците на купувањето ќе ви бидат вратени. Сметката не е потребна, се наведува во соопштението.

Во мај годинава Пепко ја повлече играчката „грнчарско тркало“ поради хемиски ризик, а во април беше повлечена играчка на далечински управувач „пчеличка“ поради опасност од пожар. 

Зачлени се на нашиот е-билтен