Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од Стејт департментот јасни: Блинкен и О’Брајан укажаа кој е патот за напредок на Северна Македонија

Портпаролот на Стејт департментот на САД во изјава за МИА потсети дека државниот секретар Ентони Блинкен и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан при неодамнешната посета на земјата укажале на тоа кој е патот за напредок на Северна Македонија.

Во изјавата од Стејт департментот се наведува дека САД ја охрабруваат Владата на Северна Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата.

На прашањето дали дипломатијата на САД помага во надминување на ќор-сокакот со неможноста да се изгласаат уставните измени како предуслов за напредок во претпристапните преговори со ЕУ, портпаролот вели дека одговорот за тоа треба да се бара на претстојните избори.

„Се надеваме дека на претстојните избори гласачите ќе бараат транспарентност и одговорност од избраните лица и ќе побараат посилна, подобра и попросперитена земја која ја заслужуваат“, изјави портпаролот.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново