Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од утре ќе јадеме фломастери

Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска или профитна маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна на прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, што била донесена на седница на Владата.

-Владата донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училиштен прибор. Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства, рече Мицкоски.

Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска или профитна маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информира премиерот Хрис

Нагласи дека се ограничува профитната маржа за тетратки, ранци, боички, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боички, акрилни, водени бори, четки, линеари и дидактички материјали, острилки, гуми за бришење, детски ножици, футроли, училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибори, држачи и други производи потребни за учениците. Ограничувањето, како што кажа, ќе значи пониски цени и пристапност на училишната опрема за сите граѓани.

Убаво, но учебната година веќе започна и родителите школскиот прибор за децата одамна го купија и на прашањето дали смета дека не се задоцни со оваа мерка, Мицкоски имаше подготвен одговор и дека „секогаш може нешто да се направи поинаку, порано или подоцна“ и најави мерки што ги опиша како сезонски „есенска кошничка“, па „зимска и така натака“.

Ваквите политики на власта опозицијата ги оцени дека не се од суштински интерес на граѓаните. Ставот на опозицијата е дека во нивниот мандат се случиле најголемите кризи во последните 50 години, а тие преку антикризни мерки ја скротиле инфлацијата, и, што е најважно според нив, дури и ги зголемуваа платите и тоа секоја година.

Од друга страна, пред само пет дена, премиерот Мицкоски за цените на прехранбените производи рече дека цените треба да ги одредува пазарот и најави дека владата нема да се обиде да ги ограничува цените. Освен за моливите и фломастерите?!?

„Ние сме пазарна економија, пазарот ги диктира цените. Ако влеземе во една политика на ограничување, тогаш видовте какви резултати ни даде таа политика-ни даде спротивни ефекти од тие што ги очекувавме. Затоа, политиката на оваа Влада е да поддржува инвестиции и затоа не е политиката на оваа Влада да одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка, затоа што парите на тој начин губат вредност и иста количина на пари по еден месец ја губи својата вредност и деноминира, би рекол за десетина проценти“ рече Мицкоски на 28 август.

Само за пет дена, од пазарна економија, во која пазарот ги диктира цените, одеднаш Мицкоски е за ограничувања на цените за училишниот прибор, мерка која може да се оцени само како популистичка бидејќи нејзиниот ефект за семејните буџети ќе биде минимален.

„Владата донела одлука за ограничување на цената на моливите и фломастерите. Ок, од утре ќе јадеме фломастери“, се дел од реакциите.

Од друга страна, прехранбените производи се работи кои граѓаните ги купуваат секојдневно и чие зголемување на цените најмногу влијае врз нивните буџети. Претходната влада, со цел справување со ефектите од економската криза и нејзиното влијание врз домаќинствата, постојано ги следеше и ограничуваше цените на основните производи, ограничувајќи ги профитните маржи, но и цените на одредени производи.

Најново