„Приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина се: План за обезбедување на чист воздух за сите!“. Ова е цитат изваден од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, насловена како „Платформата 1198“. Кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Коалицијата „Твоја Македонија“ прогласија убедлива победа, со 436.036 гласови, кои им донесоа 59 пратенички мандати, рече дека „Граѓаните ќе се гордеат со новата влада“.
Само шест месеци подоцна скопјани го дишат најзагадениот воздух, на Планетата Земја. Според специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „АЈ-кју ер“ денеска го рангира Скопје на 13 место во свет според загаденоста на воздухот, а на второ место во Европа.
Со загаденоста водат, скопски Аеродром, односно населбите Лисиче и Ректорат.
По прозивките од СДСМ, премиерот Мицкоски, денеска изјави дека Владата има план за решавање на проблемот со аерозагадувањето. Тој рече дека разликата не може да се увиди веднаш туку за три/четири години, бидејќи претходните години опозициската СДСМ ништо не направила.
„Ние сега сме во потрага по партнери кои на основа на пазарни услуги, а не привилигирани како што имаше стратешки инвестиции во минатото, заеднички со Владата ќе вложат во систем на затоплување на нашите домови којшто ќе биде резултат на согорување на природен гас-когенеративни централи и ќе произведуваат електрична енергија и гас. Имаме во план неколку да направиме и на тој начин цениме дека барем за 60% ќе биде намалено загадувањето. Почнуваме да го развиваме, не може денеска да се реши можеби за три, четири години од денеска бидејќи досега не е ништо направено. Магија не постои, чудо не постои.“ – рече Мицкоски.
Од друга страна, од СДСМ велат дека во мандатот се преземани серија на мерки, почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт па се до конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки училишта.
„Во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници. Во средните и основните училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи на воздух, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата. Овие мерки придонесоа за одредено намалување на просекот на концентрацијата на штетни честички во воздухот и требаше да се засилат и да се унапредат. Но дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Ниту има мерки, ниту има борба против загадувањето. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето. Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како проектот БТР иако е со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре. “, велат од СДСМ.
Во мандатот на СДСМ се преземаа серија на мерки, почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт па се до конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки училишта.
Во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници.
Во средните и основните училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи на воздух, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата.
Овие мерки придонесоа за одредено намалување на просекот на концентрацијата на штетни честички во воздухот и требаше да се засилат и да се унапредат.
Но дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Ниту има мерки, ниту има борба против загадувањето.
Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја.
Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето.
Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како проектот БТР иако е со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре.
ВМРО-ДПМНЕ не смее да го игнорира ова важно прашање за здравјето на граѓаните и мора веднаш да преземе мерки против загадувањето.
Каде е милијардата на Мицкоски за борба против загадувањето?
Мицкоски објави план за борба со загадувањето, вели решението не може да биде магија, опозицијата со контра-обвинување
Скопје и денеска го зазема врвот на листата на најзагадени градови во Европа. Според специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „АЈ-кју ер“ денеска го рангира Скопје на 13 место во свет според загаденоста на воздухот, а на второ место во Европа.
Најзагадена е скопската општина Аеродром, односно населбите Лисиче и Ректорат.
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека Владата има план за решавање на проблемот со аерозагадувањето. Посочи дека разликата не може да се увиди веднаш-резултати вели можат да се забележат за три/четири години, бидејќи претходните години опозициската СДСМ ништо не направила.
„Ние сега сме во потрага по партнери кои на основа на пазарни услуги, а не привилигирани како што имаше стратешки инвестиции во минатото, заеднички со Владата ќе вложат во систем на затоплување на нашите домови којшто ќе биде резултат на согорување на природен гас-когенеративни централи и ќе произведуваат електрична енергија и гас. Имаме во план неколку да направиме и на тој начин цениме дека барем за 60% ќе биде намалено загадувањето. Почнуваме да го развиваме, не може денеска да се реши можеби за три, четири години од денеска бидејќи досега не е ништо направено. Магија не постои, чудо не постои.“ – рече Мицкоски.
Аерозагадувањето повторно причина плус за партиски препукувања. СДСМ со став.
„Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Платформа 1198, стои, дека, цитирам, приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина ќе бидат: План за обезбедување на чист воздух за сите. Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше над 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветуваше намалување на загадувањето до 50%. Каде е сега милијардата којашто ја најавуваше Мицкоски за борба против загадувањето? Каде се мерките за намалување на загадувањето за 50%?“ – Богданка Кузеска-портпаролка на СДСМ.
Министерство за животна средина и просторно планирање со став дека направен е план за посета и инспекторирање на индустриските капацитети што поседуваат А-интегрирана еколошка дозвола. Посетите ќе се одвиваат по плански региони во државата, а екипата ќе биде составена од претставници на Државниот инспекторат за животна средина и од Министерството. Целта не е само да се изврши контрола на индустрискот капацитет дали ги исполнува обврските од дозволата, туку и да се влијае на подигање на свеста.