Зимата е на прагот, а со тоа проблемот со аерозагадувањето во Битола во периодот кој ни следува ќе биде сѐ поизразено, предупредуваат од платформата „Земи здив“ која ги обединува петте најакативни граѓански организации кои се борат за чист воздух во градот и регионот.
Од „Земи здив“ за информација на граѓаните на Битола, порачуваат дека мерната станица Битола 2, која е дел од државниот систем за мониторинг и се наоѓа во централното градско подрачје во периодот од 01.01. до денес 01.11.2024 има регистрирано 58 надминувања на среднодневната гранична вредност на ПМ10 честичките од максимално дозволените 35 надминувања.
И најновите податоци од оваа мерна станица покажуваат дека прагот на минимално загадување бил надминат во последните два дена, што најавува дека Битола се соочува со аерозагадување со почетокот на грејната сезона.
Мерната станица Битола 1 која се наоѓа во индустрискиот дел на градот не прикажува податоци за ПМ10 честичките од 08 Април годинава и од тие причиниод „Земи здив“ не се во можност да извлечеатзаклучок, а во периодот дури прикажуваа податоци беа регистрирани 10 надминувања.