Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Одделот за информации и комуникации на Филипините: Неуспешен кибер напад на хакери со седиште во Кина

Хакери со седиште во Кина се обидоа да добијат пристап до веб-страниците и е-поштата на филипинскиот претседател и владините агенции, вклучително и агенцијата за промоција на поморската безбедност, но не успеаја, соопшти денеска филипинскиот Оддел за информатичка и комуникациска технологија.

Портпаролот на Министерството за информатичка и комуникациска технологија, Ренато Пикасо соопшти дека е-поштата на Агенцијата за информатичка и комуникациска технологија, веб-страницата на Националната крајбрежна стража и личната веб-страница на претседателот Фердинанд Маркос Џуниор биле меѓу целите на неуспешните хакерски обиди во јануари.

-Ние не обвинуваме ниту една земја за ова. Но, успеавме да утврдиме дека адресите на интернет протоколот се во Кина. Ја повикуваме кинеската влада да ни помогне да спречиме понатамошни напади, рече Парадисо, додавајќи дека хакерите ги користеле услугите на кинескиот државен провајдер „Unicom“.

Спречените кибер напади доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Кина и Филипините, главно околу спорните територии во Јужното Кинеско Море. Филипините моментално работат на петгодишна стратегија за кибер-безбедност која има за цел да ја зајакне одбраната во борбата против кибер нападите и дигиталните злосторства. Вооружените сили на земјата минатата година најавија дека ќе создадат кибер команда.

Зачлени се на нашиот е-билтен