Оддржан вонреден самит на БРИКС – повик за поправеден светски поредок

Лула истакна дека секундарните санкции ја ограничуваат слободата за унапредување на трговијата меѓу „пријателските земји“ и порача дека „раздели па владеј“ е новата стратегија на еднострано дејствување.

Во врска со ситуацијата во Украина, тој рече дека решението мора да ги земе предвид легитимните безбедносни интереси на сите страни.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја поддржа оваа позиција, нагласувајќи дека Кина е подготвена да соработува со земјите членки во рамки на иницијативата „Појас и пат“ и дека БРИКС ќе издржи во услови на глобални потреси.

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ел-Сиси, укажа на опаѓањето на довербата во Советот за безбедност на ОН, кој не успева да ја исполни својата улога во решавање на конфликтите.

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса зборуваше за преминот од униполарен кон мултиполарен свет и ја поддржа реформата на Светската трговска организација.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предложи создавање заеднички механизам за поддршка на земјите членки погодени од еднострани санкции.

По завршувањето на самитот, од кабинетот на претседателот на Бразил беше соопштено дека лидерите на БРИКС постигнале консензус за потребата од поправеден меѓународен поредок, зајакнување на мултилатерализмот и реформирање на глобалните институции.

Зачлени се на нашиот е-билтен