Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Одлучувањето за Груевски е во надлежност на нашето правосудство, вели унгарската претседателка Новак

Каталин Новак, претседателка на Унгарија

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, вели дека за азилот што експремиерот Никола Груевски го доби во нејзината држава одлучува правосудството.

Во краткиот одговор на новинарско прашање што го доби за време на прес-конференција со Пендаровски, таа вели дека се радува што односите помеѓу двете држави се развиваат и тоа не е поврзано и не влијае на криминални прашања.

-Првиот дел во однос на Груевски, би сакала да кажам дека тоа е во надлежност на нашето правосудство. Јас многу се радувам дека во рамки на оваа моја посета се уверив во тоа дека нашата меѓусебна соработка на ниво на држави се развива успешно и имаме добри основи тоа и понатаму да се гради и развива и дека односите меѓу унгарските и македонските граѓани е на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања, одговори Новак на прашањето дали и како лице што е на црна листа на САД и се водат многу постапки против него за корупција и криминал може да добие азил од Унгарија.

Груевски избега во Унгарија во 2018 година кога требаше да се јави на издржување затворска казна во траење од две години во случајот „Тенк“ на СЈО.

Најново