Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Одмазднички напади во Западен Брег по убиството на четворица Израелци

Еврејските доселеници во Западен Брег синоќа запалија десетина возила и фрлаа со камења поради убиството на четворица Израелци во близина на населбата Ели.

Во инцидентите повреден е еден палестински новинар.

Израелските медиуми објавија и за запалени полиња и оштетени куќи и повредени 34 Палестинци, од кои најголемиот број од солзавец.

Најновото насилство покажа колку е чувствителна ситуацијата во Западниот Брег, каде израелскиот напад врз бегалскиот камп Џенин на 19 јуни предизвика еден од најжестоките израелско-палестински судири во изминатите години, при што загинаа шест Палестинци загинаа, а повеќе од 90 се повредени. Израелската армија соопшти дека се повредени.

Израелската армија испрати засилување во Западен Брег, а премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе „ги израмни сметките со убијците“.

Палестинските екстремистички организации Хамас и Исламски џихад го пофалија убиството на четворицата Израелци, како одговор на смртоносната израелска рација пред два дена. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен