Утрово од 05:05 часот целосно е прекинат сообраќајот на магистралниот пат А2 на делницата Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, информира АМСМ. Според првичните информации, причината за прекинот е одрон на коловозот.
Станува збор за една од клучните сообраќајни врски кон Бугарија, па се очекуваат сериозни застои и пренасочување на дел од сообраќајот. Од службите апелираат возачите внимателно да ги следат информациите за состојбата на патиштата и да планираат дополнително време за патување додека трае прекинот на оваа делница.

