Одрон и две сообраќајки на патот Скопје – Велес: сообраќајот се одвива по една лента


На автопатот Скопје – Велес, кај патарината Сопот, пред тунелите кај Башино Село, се случи одрон на левата сообраќајна лента, поради што сообраќајот моментално се одвива само по десната лента.

Според информациите од Авто Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), на истата локација се случиле две сообраќајни незгоди со материјална штета, но повредени лица нема. На терен е екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, која го регулира сообраќајот.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по навлажнети коловози, а густината на сообраќајот надвор од урбаните средини е со среден интензитет. На граничните премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

Возачите се предупредуваат да ја приспособат брзината на условите на патот, да внимаваат на поставената сигнализација и да бидат особено претпазливи на делниците низ котлини, речни долини и тесни превои, каде што е зголемен ризикот од нови одрони.

АМСМ особено укажува на внимателно возење на патните правци:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

Зачлени се на нашиот е-билтен