Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Одржлив и инклузивен развој – услов за конструктивна политика

Јакнење на демократијата и создавање конструктивни политики од интерес на граѓаните низ дијалог со клучни чинители во државата е темата на првиот настан на иницијативата Конструктивна политика кој денеска се одржува во Скопје во организација на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој СИГА, Friends of Europe и фондациите Фридрих Еберт и Конрад Аденауер.

Целта на иницијативата е да обезбеди обединување на разновидна група засегнати страни, вклучувајќи политичари, владини претставници, граѓанско општество и медиуми за да ги идентификуваат предизвиците за претставничката демократија и да развијат конструктивни решенија за овие предизвици.

Во воведните обраќања на настанот од страна на претставниците беше истакнато дека конструктивниот дијалог е од суштинска важност за создавање на здрави политики.

Драмендра Канани, директор за стратегии и портпарол на Friends of Europe рече дека како организација која го поддржува европскиот концет и идеологијата сакаат да создадат нешто ново и добро.

„Ние се осигуруваме во тоа дека одлуките се донесени правилно. Ги ставаме сите сектори во дебатите, бидејќи нема добра политика без поглед од 360 степени. Затоа дијалогот со граѓаните и со сите чинители во државата е тој што дава здрави и конструктивни политики“, рече Канани.

Мила Царовска, извршна директорка на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој – СИГА, истакна дека за да се надминат предизвиците мора да се почне да се разговара едни со други.

„Конструктивната политика се заснова на идејата за решавање на проблемите и предизвиците со помош на позитивен и конструктивен дијалог. Она што ја прави конструктивната политика различна од другите пристапи е тоа што се фокусира на соработката и компромисот меѓу различни групи и интереси во заедницата и не се ограничува само на институците и партиите. Таа вклучува и активното учество на граѓаните, граѓанските организации и медиумите во процесот на донесување на одлуки и изградбата на демократските институции. Конструктивната политика се заснова на идејата за долгорочна визија за заедницата и се однесува на работата за постигнување на конкретни цели кои ќе ја подобрат состојбата на живот на граѓаните. Со посветување на внимание на конструктивна политика, можеме да го подигнеме квалитетот на живот на луѓето и да ја подобриме состојбата на заедницата во целост“, рече Царовска.

Нита Старова, проектна координаторка на Фондација Фридрих Еберт – Скопје рече дека предноста на демократското уредување на едно општество е токму политичкиот плурализам, кој овозможува претставување и изразување на различните политички и идеолошки групи, но истовремено демократијата подразбира и негување на култура на дијалог и дебата на различните идеолошки позиции и гледишта, особено кога се работи за теми кои се од суштинско значење и ги засегаат сите граѓани во општеството, како што е случајот со темата на која ќе дискутираме денес – градење на ефикасен модел за финансирање на јавното здравство.

„Токму од тие причини заедно со Фондацијата Кондрад Аденауер одлуќивме да ја подржиме иницијативата на СИГА за спроведување на моделот за конструктивна политика, затоа што веруваме дека само преку дијалог и констуктивна дебата може да се врати довербата кај граѓаните во политичките процеси “, рече Старова.

Даниел Браун, официјален претставник, Конрад Аденауер Фондација рече дека се радува што Фондацијата Конрад Аденауер и Фондацијата Фридрих Еберт во заедничка соработка го започнаа овој проект за конструктивни политики.

„Земајќи ја во предвид крајно поларизираната политичка ситуација, од особена важност е обезбедувањето конструктивна дебата и размена на мислења на суштински теми како што е здравствената политика, која е интерес на државата воопшто. Дури и кога постојат силни разидувања, како на политичка така и на лична основа, секогаш е неопходно да се негува културата на здрава демократска дебата. Оттука, со оваа иницијатива сакаме да придонесеме кон унапредување на политичката култура во земјата“, рече Браун.

Зачлени се на нашиот е-билтен