Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Офицерите на АРМ, членови на мировниците на ОН остануваат во Либан, наспроти повикот на Израел мисијата УНИФИЛ да се повлече

Мировниците позиционирани долж „сината линија“ на одвојување меѓу Израел и Либан остануваат посветени на својот мандат и ќе останат на своите места додека дозволуваат условите, изјави во шефот на мировните сили на ОН.

„Мировниците на УНИФИЛ се чувствуваат должни за мандатот што им е даден од Советот за безбедност и тие се чувствуваат должни кон населението во јужен Либан“, им рече тој на новинарите во седиштето на ОН во Њујорк, мислејќи на Привремените сили на ОН во Либан. .

„Мировниците во моментов остануваат на својата позиција… Тимот на УНИФИЛ останува обединет и посветен“.

Тој додаде дека мисијата продолжува да работи со партнерите „да направат се што можат“ за да го заштитат населението, обезбедувајќи привремено засолниште за погодените популации во последните недели и поддржувајќи ја испораката на хуманитарна помош.

Меѓу земјите што партципираат во мировната мисија на ОН во Либан УНИФИЛ, има тројца офицери на Армијата на Северна Македонија.

Пред два дена Министерството за одбрана информираше дека министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствариле видео врска со нашите тројца офицери кои се дел од мисијата на Обединетите нации UNIFIL во Либан.

– Од страна на нашите офицери беше потврдено се чувствуваат добро, дека моралот меѓу сите припадници во рамки на мисијата е на високо ниво и дека континуирано се извршуваат задачите. Македонските штабни офицери заедно со останатите припадници на армиите од другите земји кои се дел од мисијата UNIFIL, континуирано ја следат безбедносната состојба на јужната граница на Либан, како и безбедносната состојба во целиот регион, соопшти Министерството за одбрана .

Република Северна Македонија активно придонесува во мисијата на ООН во Либан, а во моментов двајца штабни офицери се во рамки на италијанскиот контингент во Шама, Либан, а еден штабен офицер е во Командата на УНИФИЛ во Нагура, Либан.

Зачлени се на нашиот е-билтен