Огромен успех на македонскиот тенисер Марко Алексовски на турнирот во Барселона

Огромен успех постигна младиот македонски тенисер Марко Алексовски на турнирот во Барселона за играчи до 14 години освојувајќи го шампионскиот пехар. Тој на патот до пехарот во последните три меча ги победи тројца од првите четири носители и сосема заслужно го освои пехарот.

Во денешното финале на „Антонио Хернандез Куп“ (категорија 1), Алексовски до победата стигна откако ривалот го предаде мечот. 

Вториот носител Стефан Шангичев од Шпанија го доби првиот сет во тајбрејк со 7-6 (8:6 на поени) во кој решаваа нијанси, а притоа Алексовски не искористи три сет топки (две во сетот и третата во тајбрејкот). Но, тоа не беше причина македонскиот тенисер да продолжи со добрата игра. Напротив во вториот сет Марко заигра уште подобро и поведе со 3:0 во гемови кога противникот го предаде мечот.

Алексовски во финалето го победи вториот носител, во полуфиналето беше поуспешен од четвртиот носител, а во четвртфиналето го елиминираше и првиот носител.

Алексовски на патот до трофејот ги совлада: Бен Висер (Изараел), Алваро Марин (Шпанија), Хозе Луис Вега Понс (Шпанија), Франциско Сардиња (1.носител, Португалија), Јаков Мазин (4.носител) и Стефан Шангичев (2.носител, Шпанија).

Марко Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund претходната недела играше полуфинале на турнирот во Белгија, а следната недела го очекува уште ден настап на турнир во Аликанте, Шпанија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен