Охрид: Лишен од слобода човек со голема количина на муниција и дрога

При претрес во поранешен угостителски објект, полицијата пронајде 1357 парчиња муниција, 488 стебла канабис и разни огнено оружје, а осомничениот е задржан за понатамошна постапка.

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид вчера го лишиле од слобода Г.М.(48) од селото Подмољје, охридско.

Како што соопшти МВР, при претрес во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, кој го користел Г.М., извршен со судска нредба, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението Канабис, еден сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол „VZOR“ калибар 7,65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, пакување со црна грутчеста материја, ќеса со кафеава прашкаста материја и други предмети кои нелегално ги поседувал.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Зачлени се на нашиот е-билтен