Охридското Езеро кај Поградец порибено со 200 илјади единки охридска пастрмка

Во организација на Општина Поградец, втора година по ред се одржа „Фестивал на Коранот“, чија цел е да го промовира туризмот, да го заштити езерскиот екосистем и природното наследство на градот, објави албанската телевизија (РТШ).

Во организација на Општина Поградец, втора година по ред се одржа „Фестивал на Коранот“, чија цел е да го промовира туризмот, да го заштити езерскиот екосистем и природното наследство на градот, објави албанската телевизија (РТШ).

„Главниот елемент на активноста беше порибувањето на езерото со 200 илјади единки од познатата пастрмка- Коран, што е значително зголемување во споредба со минатата година. Оваа интервенција е важен чекор за зачувување и ширење на овој ендемски вид, кој живее само во Охридското Езеро“, изјави вчера Нертил Јоле, прв човек на округот Корча, каде територијално припаѓа и Поградец.

Според него, оваа активност симболизира не само грижа за животната средина, туку и посветеност на властите да го претворат биодиверзитетот во туристичка и развојна вредност. 

Додаде дека овој редок вид е дел од идентитетот на Поградец и има висок потенцијал за привлекување посетители.

Градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи, им се заблагодари  на сите што придонесоа за организацијата на оваа активност.

„Од година во година градиме нова традиција за градот. Почнувајќи од следната година, ќе организираме “Фестивал на крапот”, се наша цел е да изградиме  мрестилиште на овој загрозен вид“, рече Џаколи.

Посочи дека оваа иницијатива има за цел дополнително да ја зајакне позицијата на Поградец како туристичка дестинација со уникатен идентитет, претворајќи го езерото во одржлив извор на развој, не само економски, туку и културно и еколошки.

Во текот на годинава во водите на Охридско Езеро од албанска страна пуштени се над 1,8 милиони единки Коран.

Зачлени се на нашиот е-билтен