Жителите на иранската престолнина изразија гнев и огорченост по смртоносните напади на Израел врз Техеран.
– Израел ни ги уби командантите, а што очекуваат за возврат? Бакнеж? Ќе ги гониме – око за око, изјави 29-годишниот таксист Махмуд Дори, пренесува Си-Ен-Ен.
Поддршка за Иран изрази и 31-годишната наставничка Пери Пургази, која рече дека е горда што нејзината земја му се спротивстави на Израел, особено по долгите напади врз Појасот Газа.
– Некој мора да ги запре Израелците. Мислат дека можат да прават што сакаат. Но, Иран покажа дека грешат – рече таа.
Некои граѓани повикаа на воздржаност. – Го поддржувам својот народ, Израел направи грешка со нападот, но се надевам дека ова ќе заврши. Војната не носи добро за никого – рече 61-годишниот автосервисер Хушанг Ебади.