Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Околу 100.000 луѓе на демонстрациите во Минхен против расизмот и антисемитизмот

До 100.000 луѓе учествуваа на демонстрациите во Минхен против расизмот и антисемитизмот што се одржаа синоќа, јави ДПА.

Податоците доаѓаат од полицијата во градот, додека организаторите на демонстрациите, кои се одржаа под наслов: „Море од светлина за демократија“, соопштија дека на нив учествувале до 300.000 луѓе.

Фото: ЕПА

Во текот на викендот во Германија беа организирани демонстрации против крајнодесничарскиот екстремизам.

Бранот протести во земјата, кој започна во јануари, беше предизвикан од информациите дека на состанокот во Потсдам на екстремно десничарските активисти и политичари од „Алтернатива за Германија“, на кој присуствуваа и претставници на централно-десничарските демохристијани, се зборувало за протерување странци од Германија, меѓу кои и имигранти со германски пасоши и баратели на азил. Средбата се одржа во ноември минатата година.

Зачлени се на нашиот е-билтен