Околу 170.000 тони хуманитарна помош чека да влезе во Појасот Газа

Фотографија на Светска здравствена организација (WHO)
Фотографија на Светска здравствена организација (WHO)

Околу 170.000 тони хуманитарна помош е подготвена и чека да биде доставена во Појасот Газа, изјави денеска во Женева портпаролот на Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарни работи (OCHA), по објавата за почетен договор за прекин на борбите во регионот.

Помошта вклучува храна, лекови, шатори и друга итна поддршка за населението. Доставата ќе може да започне веднаш штом израелските власти, кои го контролираат пристапот до конфликтната зона, дадат зелено светло.

OCHA претходно соопшти дека од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година, израелските власти не одобриле или блокирале околу 45% од регистрираните конвои хуманитарна помош.

За да се овозможи достава на помошта до цивилното население, потребни се отворени гранични премини, гаранции за безбедно движење на хуманитарните работници и на оние кои ја примаат помошта, визи за странскиот персонал и непречен влез на помошта.

Портпаролот на OCHA исто така нагласи дека приватниот сектор во Појасот Газа треба што побрзо да се оживее.

Зачлени се на нашиот е-билтен