Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Околу 170 бродови со контејнери пренасочени, 35 закотвени поради нападите на Хутите во Црвеното Море

 Американската бродска компанија „Флекспорт Инк.“ соопшти дека околу 170 бродови се пренасочени од теснецот Баб ел-Мандеб во Црвеното Море, додека 35 бродови се закотвени и чекаат инструкции од нивните оперативни компании.

Според соопштението на компанијата со седиште во Сан Франциско, околу 170 бродови со контејнери биле пренасочени околу Африка, а 35 биле запрени поради нападите во Црвеното Море.

Групата Хути во Јемен е упорна во заканите дека ќе ги гаѓа бродовите поврзани со Израел кои минуваат низ теснецот, кој се наоѓа јужно од Црвеното Море, во знак на солидарност со Палестинците во бомбардираниот Појас Газа.

Превозните компании ги пренасочуваат бродовите кон ртот Добра надеж, за да избегнат потенцијални напади, зголемувајќи ги транспортните трошоци и продолжувајќи го времето на испорака. 

Зачлени се на нашиот е-билтен