Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Околу 70 затвореници во затворот на грчкиот остров Крф започнале штрајк со глад

 Група од околу 70 затвореници, мнозинството од нив со потекло од Албанија, започнале штрајк со глад во затворот на грчкиот остров Крф, во знак на протест поради строгите критериуми за добивање дозвола за излез, но и поради условите во затворот, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според државната телевизија ЕРТ, затворениците поднеле низа барања, меѓу кои и ублажување на строгите критериумите според кои се одлучува за дозволите и за условното пуштање, но и за прашања поврзани со вработување медицински персонал и социјален работник.

ЕРТ објави и дека затвореник кој телефонски говорел за албанските медиуми, побарал да интервенира и амбасадата на Албанија до грчките власти за да ги задоволат нивните барања.

Зачлени се на нашиот е-билтен