Општина Центар и Францускиот институт во Скопје организираат омаж на великанот Ацо Шопов по повод стогодишнината од неговот раѓање.
Настанот по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов ќе се одржи утре (14.3.2023, вторник), со почеток во 13:00 часот, во Музејот на македонската борба за независност – Скопје.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и Амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер, свечено ќе ја отворат манифестацијата „100 години Ацо Шопов“ на која свое обраќање ќе имаат истакнати македонски поети, професори и членови на семејството на Ацо Шопов.