Денес, 2 ноември 2025, во канцеларијата на Народниот правобранител од 7 до 19 часот функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Паралелно со главната канцеларија во Скопје, отворени се и подрачните одделенија во Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и Тетово, со дежурства за навремена помош при остварување и заштита на гласачките права.
Покрај бесплатната линија, достапни се и локалните телефони: Тетово 044/344-082, Кичево 045/228-586, Битола 047/242-310, Куманово 031/431-488, Струмица 034/329-996 и Штип 032/389-700. Народниот правобранител најавува итни мерки за ефективно постапување до надлежните органи во случај на неправилности, нагласувајќи дека избирачкото право е уставно загарантирано, еднакво, општо и непосредно, се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради неговото остварување. Повредата на слободата на определување на избирачите и другите повреди на избирачкото право се казниви дела. Воедно се апелира сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат утврдените здравствени протоколи при гласање.

