Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОМД организира Форум за човекови права во Солун

Обединета македонска дијаспора (ОМД) во партнерство со НПО Крсте Мисирков, денеска го организира вториот Форум за човекови права во Солун.

ОМД соопшти дека фокусот на форумот ќе биде на иднината на правата на малцинствата, бенефитите (економски, туристички, културни итн) на Република Грција, имајќи мултиетничко општество, како и колку едукацијата е клучна во креирањето на сплотување во самата држава, а сето тоа поткрепено со примери од минатото кои ќе служат како поука за иднина. 

Овој форум останува клучна платформа за зацврстување на позициите на малцинствата и застапување за човековите права во Грција. Говорници на форумот ќе бидат реномирани професори од држави членки на ЕУ, претставници на европски организации, како и претставници на малцински групи од повеќе држави, наведуваат од ОМД.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново