Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОМО Илинден Пирин бара бугарската полиција да ги открие сторителите на вандалскиот чин врз македонскиот клуб во Благоевград

Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара од бугарската полиција да го истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград и да ги најде сторителите.

-Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне – нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда аверис, стои во постот објавен на Фејсбук страницата на ОМО Илинден Пирин.

Вчера од ОМО Илинден Пирин информираа дека Македонците од Бугарија го одбележале раѓањето на Гоце Делчев и оти положиле цвеќе на споменикот во Благоевград, но посочија и дека не им било дозволено да вејат македонски знамиња. Прославата во чест на Гоце продолжила во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

М. Д. (CivilMedia)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново