Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН ги повикуваат сите земји да ја признаат палестинската држава

Група експерти на Обединетите нации денеска ги повикаа сите земји да ја признаат палестинската држава за да се постигне мир на Блискиот Исток.

Повикот доаѓа една недела откако Шпанија, Ирска и Норвешка формално ја признаа палестинската држава, што го налути Израел.

Експертите, вклучително и специјалниот известувач на ОН за човекови права на палестинските територии, рекоа дека признавањето на палестинската државност е важно за правата на палестинскиот народ и неговите напори за слобода и независност.

– Ова е предуслов за траен мир во Палестина и на целиот Блиски Исток и почнува со итно објавување на прекин на огнот во Газа и запирање на понатамошните воени упади во Рафа, нагласија тие.

– Решението со две држави останува единствениот меѓународно усогласен пат кон мир и безбедност и за Палестина и за Израел и е излез од генерациските циклуси на насилство и гнев, додаваат експертите.

Шпанија, Ирска и Норвешка со своето признавање на палестинската држава сакаат да го забрзаат постигнувањето мир во Газа. Трите земји изразија надеж дека тоа ќе го забрза признавањето и од страна на другите западни земји. Данскиот парламент подоцна одби да го стори тоа, а Словенија ќе го разгледа утре. Израел се противи на признавањето на палестинска држава, тврдејќи дека тоа го зајакнува Хамас.

Треба да знаете
Moже да ве интересира