Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН ги поздравија германските ветувања на самитот на ОН за климатски промени

 Обединетите нации го поздравија ветувањето од 200 милиони долари на Германија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на почетокот на самитот на ОН за климатските промени како „значајно“.

Како што пренесе ДПА, на првиот ден од самитот, Германија и ОАЕ соопштија дека ќе придонесат со по 100 милиони долари за помош на земјите кои се најмногу погодени од климатските промени.

– Ветувањата што ги видовме од Германија и од ОАЕ, кои се значителни, беа критични за да нè доведат таму каде што сме и да го усвоиме фондот за загуби и штети, рече портпаролот денеска во Њујорк.

Одлуката се смета за револуционерна. Покрај 200 милиони долари, САД, Јапонија, Британија и ЕУ исто така дадоа помали финансиски ветувања.

Зачлени се на нашиот е-билтен