Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН им оддаде почит на 101 хуманитарен работник кои се убиени во Газа

 Вработените во Обединетите нации денеска им оддадоа почит на нивните колеги- хуманитарни работници кои од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во последниот еден месец се убиени во Газа, спуштајќи ги знамиња на половина копје.

Вработените во канцеларијата на ОН во Женева ги наведнаа главите додека се палеше свеќа во спомен на 101 вработен во Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) убиени во израелскиот напад врз Газа.

-Ова е најголемиот број убиени хуманитарни работници во историјата на нашата организација за толку кратко време, изјави Татјана Валоваја, генерален директор на Обединетите нации во Женева.

„Денес сме собрани овде, обединети на ова многу симболично место, да им оддадеме почит на храбрите колеги кои ги жртвуваа своите животи служејќи под знамето на Обединетите нации“, кажа таа.

УНРВА соопшти дека некои членови на персоналот биле убиени додека чекале ред за леб, додека други биле убиени заедно со нивните семејства во нивните домови во воздушната и копнената воена операција на Израел против Хамас, како одговор на прекуграничниот напад на исламистичката група на 7 октомври.

Покрај Газа, следниот најсмртоносен судир за хуманитарните работници на ОН беше Нигерија во 2011 година, кога бомбаш самоубиец ја нападна нивната канцеларија во Абуџа за време на исламистички бунт, убивајќи 46 луѓе.

Израел го обвинува Хамас за смртта на цивилите во густо населената Газа, велејќи дека групата го користи населението како жив штит. Хамас ги негира обвинувањата.

-Би сакала да кажам дека навистина се соочуваме со многу предизвикувачки времиња за мултилатерализмот, за светот, рече Валоваја. „Но, Обединетите нации се порелевантни од кога било“, додаде таа.

Основана во 1949 година по првата арапско-израелска војна, УНРВА обезбедува јавни услуги вклучувајќи училишта, здравствена заштита и помош. Многу од 5.000 вработени во УНРВА кои работат во Газа и самите се палестински бегалци. 

Зачлени се на нашиот е-билтен