Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН: Израел пред два дена расели околу 60.000 луѓе од Газа

 Портпаролот на Обединетите Нации, Стефан Дужарик, изјави дека Израел во четвртокот расели најмалку 60.000 луѓе од градот Газа.

„Хуманитарните партнери известуваат за ново раселување. Во четвртокот, израелската војска им нареди на луѓето кои живеат во 28 станбени блокови во областите источно од градот Газа веднаш да се евакуираат, со што најмалку 60.000 луѓе беа раселени од оваа област, која се простира на над седум квадратни километри,“ изјави Дужарик на новинарите.

Тој додаде дека Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи известила дека од четвртокот, израелските власти дозволиле помалку од половина од планираните 100 хуманитарни мисии да стигнат до северната Газа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен