Помошта, вклучувајќи го и горивото, во последните две недели стигнува само до жителите на јужниот дел на Појасот Газа, пред се, како резултат на несигурната безбедносна ситуација, соопшти Агенцијата за хуманитарни прашања на ОН-OCHA, пренесе ДПА.
ОСНА додава дека помошта не може да се дистрибуира во градот Газа и другите делови на северот, каде што стотици илјади луѓе сè уште престојуваат, пренесува германската агенција.
Според агенцијата, луѓето на север преживуваат со малку сиров зеленчук и незрело овошје што можат да го најдат, а многумина не можат да готват. Пекарите веќе не работат, а земјоделците не можат да си ги обработуваат нивите. Животните се колат, бидејќи нема храна и вода за нив.
OCHA наведува дека на северот на Појасот Газа живеат 800.000 Палестинци, бројка што ја темели од податоците на палестинската статистичка управа на Западниот Брег, пренесува ДПА.