Обединетите нации (ОН) се „подготвени да одговорат на секој повик од земјите-членки“ за распоредување полициски сили во Газа, изјави во средата заменик-генералниот секретар на ОН за мировни операции Жан-Пјер Лакроа.
-Доколку надлежните органи не поканат да помогнеме, секако дека ќе дадеме се од себе, рече тој, одговарајќи на новинарско прашање во седиштето на ОН во Њујорк.
Посочувајќи ги многуте прашања во врска со распределбата на помошта во Газа, Лакроа истакна дека бројот на грабежи е во пораст.
Тој ја нагласи потребата да се најде решение за овие проблеми, наведувајќи дека една од опциите може да биде и вклучување на трета страна.
Лакроа рече дека е неизвесно дали таа трета страна ќе бидат ОН, додавајќи дека ќе бидат потребни одредени процеси за вклучување на мировниците на ОН и дека Советот за безбедност на ОН е дел од тој процес.