Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Општина Тетово со препораки за граѓаните за поројните дождови

Врнежите од дожд ја зафатија целата територија на општина Тетово и пошироко, предизвикувајќи проблеми на повеќе места. Врнежите ќе продолжат и за спречување на опасностите кои можат да настанат како последица од обилните врнежи, ги молиме граѓаните да избегнуваат да ги напуштаат домовите, да избегнуваат подвозници и проблематични места, стои во обраќањето на Општина Тетово од минатата ноќ откако во текот на вчерашното попладне обилни дождови ја погодија општината и околината.

Екипите на општинските претпријатија се на терен подготвени да интервенираат и да им помогнат на граѓаните во случаи на потреба.

Интензивниот дожд од вчера во Тетово и околината повторно ги поплави коловозните ленти на булеварот „Благоја Тоска“ околу последниот кружен тек кај касарната. Полицијата ги пренасочува возилата да одат по други улици.

Од ТППЕ Тетово информираа дека имаа повици за интервенции во Мала и Голема Речица, каде се испумпува вода од поплавени куќи и нивните дворови и подруми.

Градоначалникот на Општина Желино Сејдиу излезе со порака дека ситуацијата е под контрола и нема простор за паника, откако вчера кај подвозникот во Желино беа извлечени 11 граѓани со помош на тетовските пожарникари.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново