Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, во македонските општини има сериозни ризици од корупција, најмногу во спроведувањето на јавните набавки, при доделувањето градежни дозволи и продажба на градежно земјиште, како и при доделувањето на Б интегрирани дозволи за работа.
Истражувањата покажале дека дури 2/3 од деталните урбанистички планови се менуваат по барања на физички и правни лица, а констатиран бил и слаб инспекциски надзор во областа на градежништвото. Според Факиќ ова е слика на широките надлежности на оштините, наспроти нивните ниски кадровски и финансиски капацитети.
За предложените измени во Законот за јавни набавки, од Центарот за граѓански комуникации сметаат, дека е контрадикторно да се намалува контрола во област која е една од најпогодените од корупција. Таа смета дека потребно е да се отвори јавна расправа за тоа како да се подобри контролата во јавните набавки, наместо да се размислува за нејзино уникување.
„Треба сериозно да се размисли околу предложените измени, во најголем дел и да се повлечат и да се отвори една широка јавна расправа во однос на тоа доколку треба да се подобрува контролата во јавните набавки како тоа да се направи квалитетно, а не да се оди кон нејзино укинување, што апсолутно не е на линија за засилување на борбата против корупција во јавните набавки“, рече Сабина Факиќ од ЦГК.
Во 2021-та година во месец октомври се оддржаа седмите редовни локални избори каде ВМРО-ДПМНЕ оствари најголема победа од позиција на опозиција. Убедливо победи во Градот Скопје преку поддршката на кандидатката Данела Арсовска и однесе победа уше во 42 општини. СДСМ осови 16 градоначалнички позиции, ДУИ, 11, Алијансата за Албанците, Беса, Гром и ДОМ со ЛДП, освоија по едно градоначалнчко место.
Локалната самоуправа во Македонија е организирана во 80 општини и градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа. 34 единици на локалната самоуправа се со седиште во град, а останатите 46 се со седиште во село.
„