Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орбан откри зошто е во Охрид: Нашиот пат до грчките пристаништа води низ оваа земја, за членството на Северна Македонија ќе видиме, секако

Во изјава за унгарско радио, премиерот Виктор Орбан ја откри причината зошто за неговата земја е важна посетата на Северна Македонија.

Според Орбан дошол во Охрид заради фактот што низ Македонија минуваат важни трговски патишта.

„Ако сакаме да ги транспортираме нашите стоки до Унгарија, откако ќе бидат пристигнати по морски пат, нашиот пат до грчките пристаништа води преку Северна Македонија. Економската соработка меѓу двете земји е многу важна“, изјави за радиото со коешто го започна утрото во Охрид, унгарскиот премиер.

Орбан говорел и за евроинтеграциите на Северна Македонија коишто од вчера се ставени на спореден колосек.

„Северна Македонија има спор со Бугарите, кои го блокираат пристапниот процес. Унгарија е лидер на Унијата и наша должност е да одиме во одредени земји за да ги решиме постојните конфликти. Делумно затоа сме тука. Но, претседателството со ЕУ брзо поминува, ќе видиме, секако, има прашања кои не поминуваат лесно, како што е прашањето за миграцијата“, посочил Орбан во интервјуто.

Зачлени се на нашиот е-билтен