Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орце Камчев ставен на црната листа на САД

Камчев ја злоупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија

Денес, Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) назначи едно лице, Јордан „Орце“ Камчев, корумпиран бизнисмен во Северна Македонија, во согласност со Извршната наредба (E.O.) 14033.

Денешното назначување ја нагласува континуираната посветеност на Соединетите Држави да промовираат одговорност за поединци и субјекти кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување.

„ Камчев ја злоупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија“, рече потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон. „Трезорот останува посветен на повикување на одговорност на сторителите на корупција“.

Импликации на санкциите

Како резултат на денешната акција, целиот имот и интереси во имотот на назначеното лице опишано погоре што се во Соединетите Држави или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани и мора да се пријават на OFAC.

Дополнително, блокирани се и сите субјекти кои се во сопственост, директно или индиректно, поединечно или збирно, 50 проценти или повеќе од едно или повеќе блокирани лица. Сите трансакции на лица од САД во (или кои транзитираат) во Соединетите Американски Држави кои вклучуваат каков било имот или интереси во сопственост на назначени или на друг начин блокирани лица се забранети освен ако не се овластени со општа или специфична лиценца издадена од OFAC или не се изземени.

Забраните вклучуваат давање каков било придонес или обезбедување на средства, стоки или услуги од, до или во корист на кое било блокирано лице, или примање каков било придонес или обезбедување на средства, стоки или услуги од кое било такво лице.

Дополнително, финансиските институции и други лица кои се впуштаат во одредени трансакции или активности со санкционираниот поединец може да се изложат на санкции или да бидат предмет на извршно дејствие, стои во соопштението на Министерството за финансии на САД.

Одлуката на Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД ја објави на својот Твитер профил американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.

Денеска Министерството за финансии го назначи на црната листа бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев за корупција, поткуп, перење пари и други кривични дела, твитна Агелер.

-Овие санкции не влијаат само врз поседувањата и имотот на г-дин Камчев, туку и врз оние кои имаат бизнис со него. САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци кои што го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на Северна Македонија. Корупцијата има последици“. – напиша Амбасадорката  Агелер во својата Твитер објава откако САД го ставија, како што го нарекоа, коруптивниот бизнисмен, Орце Камчев на црната листа.

Д. Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново