Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орданоски во „Политиканти“: Дојдоа генерации кои не ја разбираат вредноста да се добие држава без конфликти и што значи да се биде членка на НАТО

„Ахмети и Груевски така и владеаја 10-тина години. Ќе измислат меѓуетнички проблем, ќе го дигнат до максимум, да не наведувам конкретно од орли до знамиња, крстови и тепања по калиња и така натаму. Истиот проблем што тие го предизвикале го ‘решаваат’ и притоа го прибележуваат кај себе како голем успех и истовремено им растат рејтинзите во нивните етнички гласачки тела“, рече новинарот Сашо Орданоски во поткастот Политиканти, надоврзувајќи се на коментарот на Мендух Тачи за користење на ефтини политички трикови меѓу владејачката албанска партија ДУИ и опозицијата и одличните рејтинзи кои ги објавуваат.

Ордановски се осврна на изминатите години 90 –тите па и 2000-те во кои нашата држава помина низ уникатни ситуации.

„Можеби дојдоа и генерации кои не ја разбираат вредноста да се добие држава без конфликти. Дојдоа луѓе кои тоа не го гледаат како е да е значајна политичка придобивка туку како нешто, паднато од небо. И незнам дали разбира народот што значи да се биде членка на НАТО,“ потенцираше Орданоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен