Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орлиќ: Ќе бидат предложени шест потпретседатели на парламентот

Потпретседателот на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) Владимир Орлиќ изјави денес дека консултациите на пратеничките групи во српскиот парламент биле успешно завршени и дека деветте пратенички групи кои одговориле на состанокот ќе предложат српскиот парламент во новата свикување покрај претседател, да има шест потпретседатели, јави дописникот на МИА од Белград.

-Сите девет групи од парламентарното мнозинство и од опозицијата, кои одговорија на поканата на (најстариот пратеник кој претседава со првата седница на српскиот парламент) Стојан Раденовиќ да разговараат за заедничка работа во Народното собрание, заедно ќе предложат Собранието во 14-тото свикување да има шест потпретседатели – двајца од СНС, по еден претставник од малцинските национални заедници – Унгарци и Бошњаци, еден од СПС и еден претставник од опозициската листа „Ние – гласот на народот“, изјави Орлиќ, соопштија од СНС.

Според него, заедно со Ана Брнабиќ, која е предложена за претседател на Собранието со потписи на 156 пратеници, во најтесното раководство на српскиот парламент извесно е дека ќе се најдат најмногу жени досега.

Орлиќ најави дека со работата на две парламентарни комисии – Одборот за дијаспора и Србите во регионот, како и Одборот за образование, наука и технолошки развој, според постигнатиот договор, ќе раководат две опозициски групи.

Во Собранието на Србија вчера и денеска се одржаа консултации за продолжување на конститутивната седница на која треба да се изберат потпретседатели и работни тела, а на консултациите присуствуваа претставници на листата на СНС-„Србија не сме да застане“, коалицијата околу СПС, листата „Ние гласот на народот“ и малцинските листи, додека претставниците на опозициските листи „Србија против насилството“ (СПН) и коалицијата НАДА (ДСС-ПОКС) не присуствуваа.

За понеделник, на 18 март, закажано е продолжение на конститутивната седница, на која треба да се избере претседател на парламентот, за кого СНС ја предложи Ана Брнабиќ, како и потпретседателите на Народното собрание, а на дневен ред е и именување и на генералниот секретар и изборот на работни тела.

Зачлени се на нашиот е-билтен