Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Османи ќе го посети претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“: Никој не треба да биде нападнат поради својот идентитет

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи на денешната прес-конференција рече дека е во комуникација со институциите околу претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Османи со остра осуда за нападот и повика надлежните да го расчистат случајот.

Уште од вчера сум во комуникација. Колку што знам напаѓачите се идентификувани и се работи за да се изведат пред лицето на правдата. Нема да дозволиме никој поради дали политички интереси или други погледи да го загрози то што го постигнавме во изминатиот период. Очекувам веднаш после оваа прес-конференција и да го посетам нападнатиот бидејќи се работи за граѓанин на С. Македонија. Никој не треба да биде нападнат поради својот идентитет. Сите мораме да реагираме за да не се случи повторно, рече меѓу другото Османи на прес-конференција во МНР.

Во меѓувреме од Бугарија пристигна информација дека Амбасадорката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи во Софија каде што ќе и биде врачена протестна нота како реакција на нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново