Oсмани: Мултилатералната соработка клучна во остварување на човековите права

Мултилатералната соработка се покажа како клучна во остварување на човековите права ширум светот. Токму тоа стана предуслов за успешни комплексни мировни мисии, како што беше неодамнешното успешно извлекување на цивилите од Газа. Во име на Министерството и сите граѓани на Северна Македонија, огромна благодарност за солидарноста, соработка и помошта кога тоа најмногу ни беше потребно, при извлекување на нашите државјани од Газа, нивното привремено сместување и примарна здравствена заштита во Египет, по што и нивно упатување кон земјава.

Ова го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во Женева, на средбата со директорот на меѓународната организација на миграции Ејми Поуп.

Како што информира МНР, Османи во рамки на настанот на високо ниво за одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права во Обединетите нации во Женева оствари и билатерални средби со шефовите на најзначајните меѓународни организации и агенции: генералните директори на меѓународната организација за миграции и светската здравствена организација, Ејми Поуп и Тедрос Аданом, високиот комесар за човекови права Волкер Турк, како и со високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди. 

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека мултилатералните организации имаат значење кога им служат на луѓето, кога се причина за позитивна промена во нивниот живот. Токму оваа беше целта на овогодишното претседавање на Северна Македонија со Организацијата. 

– Хуманата димензија беше во фокус на нашето претседавање. Луѓето, без разлика кои се или каде живеат, на сите им требаат истите основни права – мир, безбедност, сигурност и просперитет, рече Османи.

Теми на разговор, како што се наведува, беа прилагодувањето на мултилатералните организации кон тековните предизвици на луѓето, како и интензивирањето на соработката меѓу организациите во новите геополитички околности. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира