Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Основното јавно обвинителство ќе постапува по доставена анонимна кривична пријава за Христовски

 „До Основното јавно обвинителство Скопје е доставена анонимна кривична пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува“, сoпшти Обвинителството.  

Пријавата се однесува на јазичниот ТОЕФЛ сертификат на Христовски од бугарската јазична школа Јулија, чии сертификати се прогласени за фалсификати.

„Скандалот со незаконското поставување директор на АНБ се проширува. Документи доставени до нас од свиркачи покажуваат дека Бојан Христовски нема вкупно 5 години стаж на раководна позиција, што е законски услов за да може да биде директор на АНБ“, велат од СДСМ.

Предистрагата што Обвинителството ја отвори е прва за Христовски и неговото назначување поради сомнежи дека не исполнува повеќе услови за вршење на највисоката безбедносна позиција во државата.

Обвинителството неодамна соопшти дека ќе ја почека одлуката на Антикорупциската комисија, а одлуката на ДКСК ја чекаше и премиерот Мицкоски. ДКСК порача дека секој може да си ги работи истрагите и обврските согласно законските надлежности.

Зачлени се на нашиот е-билтен