Еден од осомничените во случајот на Обвинителството за организиран криминал во истрагата за финансиски текови во врска со падот на настрешницата во Нови Сад, Г.Р., уапсен е на 1 ноември во Хрватска, објави РТС според извори од обвинителството . Информацијата ја потврди Министерството за правда.
Г.Р. е уапсен врз основа на потерница издадена од надлежните органи на Република Србија, соопшти Министерството.
Тој бил во бегство и единствениот кој не бил сослушан во случајот поврзан со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Со одлука на Окружниот суд во Славонски Брод му е одреден екстрадициски притвор.
Министерството за правда по официјалната информација дека Г.Р. е уапсен, поднело барање за екстрадиција до надлежните хрватски органи на 12 ноември, во согласност со билатералниот договор.

