Оставките на Бислимоски и Ристовска констатирани во Собранието

Денеска во Собранието беа констатирани оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад и на членка на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Пратениците ги констатираа оставките без нивно образложение. Според објавените информации, Бислимоски поднел оставка откако заработил кривична пријава од Управата за финансиска полиција, додека Ристовска поднела оставка откако ДКСК отворила два предмета поврзани со неа.

Со ваков расплет, и енергетскиот регулатор и антикорупциското тело влегуваат во период на кадровско „ресетирање“, во момент кога институциите треба да носат одлуки со директно влијание врз граѓаните и економијата. Следните чекори ќе зависат од тоа колку брзо ќе се обезбедат нови предлози и парламентарно мнозинство за пополнување на испразнетите позиции.

Зачлени се на нашиот е-билтен