Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Остин: Цивилите треба да бидат заштитени пред Израел да го нападне Рафа

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски разговор со неговиот израелски колега Јоав Галант изјави дека цивилите треба да бидат заштитени и да се достави хуманитарна помош пред Израел да почне со воените операции против Хамас во Рафа на југот на Појасот Газа, соопшти Пентагон.

Во соопштението се наведува дека Остин и Галант разговарале и за операцијата на Израел за спасување на двајцата заложници во Рафа и преговорите за договор за ослободување на сите преостанати заложници кои ги држи Хамас.

Галант го информирал Остин и за офанзивата на Израел врз Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Израел ќе ја продолжи офанзивата против „баталјоните на Хамас“ во Рафа, откако ќе им овозможи на цивилите да ја напуштат областа.

Рафа е последното прибежиште за повеќе од милион Палестинци, главно раселени поради борбите во други делови на Појасот Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен