Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Остин на состанокот со Нетанјаху: Хамас е полош од Исламската држава

 Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Тел Авив изјави дека верува оти Хамас по многу работи е полош од таканаречената Исламска држава.

Остин нагласи дека Вашингтон е со Израел, како што веќе кажа американскиот претседател Џозеф Бајден и дека „го чува грбот на Израел“, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Знам многу за Исламската држава и ова е полошо од она што го видов со Исламската држава“, рече Остин.

Остин денеска пристигна во Израел за да се сретне со израелските власти и да го види американското оружје и другата воена помош која Вашингтон му ја достави на Израел во првата недела од војната со Хамас. Остин е вториот висок американски функционер кој го посети Израел во изминатите два дена, откако државниот секретар Ентони Блинкен вчера го посети Израел.

Зачлени се на нашиот е-билтен