Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Остин: Житото уништено од Русија би било доволно да се нахранат повеќе од 10 милиони луѓе за една година

Русија веќе го уништи количеството украинско жито кое би било доволно за да нахрани повеќе од 10 милиони луѓе за една година, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во својот воведен говор на 15-тиот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија на 19 септември, пренесува Укринформ.

Во последниве месеци, Русија продолжи да ги таргетира пристаништата во Украина и нејзината инфраструктура за жито, рече Остин.

„Овие напади досега уништија најмалку 280.000 тони жито. Тоа е доволно за да се нахранат дури 10,5 милиони луѓе за една година“, рече тој.

Остин додаде дека руските напади продолжуваат да ја загрозуваат глобалната безбедност на храната – и да ризикуваат непотребни хуманитарни кризи низ планетата.

Тој рече дека партнерите на Украина – речиси 50 нации во форматот Рамштајн – ќе продолжат да и даваат на земјата потребната помош за да се одбрани од руската агресија.

Остин, исто така, му честиташе на Рустем Умеров за нов министер за одбрана на Украина и му се заблагодари на Олексеј Резников, кој претходно го предводеше Министерството за одбрана на Украин

Извор Фронлајн

Зачлени се на нашиот е-билтен