Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Осуди за нападот на данската премиерка на плоштад во Копенхаген

Лидерите остро го осудија нападот врз данската премиерка Мете Фредериксен на централниот плоштад во Копенхаген, што дополнително го зголеми алармантниот бран на политичко насилство што ја тресе Европа, јави ДПА.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во објава на Х го нарече „одвратен чин што е спротивен на сè што веруваме и за кое се бориме во Европа“.

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, рече дека е „огорчен“ од „кукавичкиот чин на агресија“.

Фредериксен (46) е „шокирана од инцидентот“ синоќа во кој беше погодена додека беше на плоштадот Култорвет, соопшти нејзиниот кабинет, но дополнителни детали за можните повреди не се наведени.

Полицијата соопшти дека уапсила 39-годишен маж по нападот и оти тој денеска ќе се појави пред суд во Копенхаген. Тие не кажаа како се одвивал нападот. Очевидци изјавија за данските медиуми дека премиерката пеш се оддалечила од местото на настанот.

Инцидентот се случи додека 27-те земји на ЕУ избираат стотици членови на Европскиот парламент за време на четиридневното гласање кое почна во четвртокот. Гласачите во Данска утре излегуваат на гласање.

„Мете е многу добра колешка и мудар партнер. Искрено се надевам дека не е повредена, напиша шведскиот премиер Улф Кристерсон на X. „Нападот врз демократски избран лидер е исто така напад врз нашата демократија“.

Роберта Мецола, претседателката на Европскиот парламент, напиша: „Вечерашниот напад врз данската премиерка е ужасен. За насилството нема место во политиката. Остани силна, Мете!“

„Вознемирувачки е да се слушне дека премиерката Фредериксен била нападнат на јавен плоштад во Копенхаген. Не можеме да ги отфрлиме или нормализираме ваквите акти на агресија. Тоа е опасно за нашите демократии“, истакна канадскиот премиер Џастин Трудо.

Зачлени се на нашиот е-билтен