Осум децении МНТ запишани во монографија: Денес промоција на изданието посветено на историјата на театарот

Во фоајето на Македонскиот народен театар денеска напладне ќе биде промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 драма: приказни поголеми од времето“, издание што го одбележува 80-годишниот јубилеј на националниот театар.

Монографијата излегува од печат во година кога МНТ одбележува осум децении постоење и претставува сведоштво за континуираната креативна работа, развојот и успесите на институцијата. Преку богат визуелен материјал, фотографии, плакати и скици, како и низ сведоштва и приказни на уметници и професионалци кои биле и сè уште се дел од ансамблот, се раскажува историјата на театарот и луѓето кои го обликувале неговиот идентитет.

Изданието ги обединува сценските, уметничките и човечките приказни што го направиле Македонскиот народен театар значајна културна институција и симбол на македонската драмска уметност низ децении.

Зачлени се на нашиот е-билтен