Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Осум години од ужасните поплави во Стајковци и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат осум години од страотните поплави кај Стајковци во кои загинаа 22 лица. Незапаметеното невреме почна во попладневните часови, кога целиот скопски регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер и однесе жртви во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Во текот на 24 часа почнувајќи на 6 август 2016 во Скопје наврнаа 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имаше повеќе од 800 громови.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи во извештаите по невремето информираше дека на Зајчев рид – главната метеоролошка станица во Скопје, бил забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри.

Да не се заборави, но никогаш да не се повтори!

Зачлени се на нашиот е-билтен