Заврши судскиот процес против поранешниот директор на затворот „Скопје“, Филип Андонов-Сокол. Тој е е прогласен за виновен и осуден на осум месеци затвор во судскиот процес што против него и уште шестмина затворски полицајци се водеше за злоупотреба на службената положба и овластување, соопштии од Основниот кривичен суд Скопје.
Андонов, кој е и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот СДСМ е единствениот од обвинетите кому му е изречена ефективна затворска казна.
На останатите шестмина обвинети затворски полицајци им се изречени алтернативни мерки – условни казни затвор, кои нема да се реализираат доколку во наредниот период не сторат ново кривично дело.
Од Судот информираат дека при донесувањето на пресудата и одмерувањето на казните биле ценети сите олеснителни и отежнувачки околности за секој од обвинетите поединечно.
Засега, нема информации дали Обвинителството или одбраната ќе поднесат жалба на пресудата.